Екипата на Бруклин остана без место во плејофот оваа сезона, па поради тоа јасно е дека ќе има одредени промени во составот. Воедно, „летна“ и првата глава.

Тренерот Жак Вон беше отпуштен на Ол-стар паузата, па потоа тимот, привремено до крајот на регуларниот дел, беш воден од Кевин Оли. Сега, Бруклин го објави името на новиот предводниик кој доаѓа од Шпанија, а неговото име е Жорди Фернандез. Тој ќе биде првиот Шпанец тренер во најсилната лига на светот. Жорди веќе некое време работи во НБА или Џи-лигата, има искуство како асистент во Денвер Нагетс и Сакраменто Кингс од каде доаѓа во Нетси.

Воедно Фернандез е и селектор на Канада со која го освои бронзениот медал на СП кое минатата година се одржа во Индонезија, Филипини и Јапонија.