Специјален сингл на Sport Life за Барселона – ПСЖ: Традицијата вели дека головите се задолжителни на меѓусебните дуели (Фото)

Вечерва на „Монжуик“ ќе падне одлуката дали Барселона или ПСЖ ќе играат во полуфиналето во Лигата на шампионите, а Sport Life подготви специјален сингл од овој натпревар со различни игри за сечиј вкус на обложувачите.

Барселона победи во првиот натпревар со 3:2 кој се играше на „Паркот на принцовите“ и за вечерашниот дуел ги има квотите на своја страна: 2.30 е коефициент за победа на каталонскиот тим, а 3.00 за триумф на ПСЖ.

Барселона и ПСЖ се стари познаници во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, нивното ривалство започна во далечната 1995 година и досега дури петпати играле меѓу себе. Барселона трипати излегла како победник, а ПСЖ двапати го елиминирал каталонскиот тим.

Традицијата нуди уште еден интересен податок, дека головите се задолжителни на дуелите меѓу Барселона и ПСЖ, тие досега одиграле 14 меѓусебни меча и само два не завршиле „гол-гол“.

Барселона првпат чиста победа (2:0) оствари во 2015 годна, во реванш-четвртфиналниот дуел, а вториот меч беше од неверојатната осминафинална пресметка во 2017 година, кога ПСЖ победи со 4:0, а во реваншот Барселона славеше со 6:1.

Килијан Мбапе има последна шанса да триумфира во Лигата на шампионите со ПСЖ пред да се пресели во Реал Мадрид и е главен адут на Светците. Квота 5.00 изнесува да го отвори резултатот, а 2.00 е да се запише во листата на стрелци.

Кај ПСЖ, кој мора да игра офанзивно на „Монжуик“, голови може да се очекуваат од Гонзало Рамос (8.00 и 2.80), Рандал Коло Муани (9.50 и 3.50), Марко Асенсио (10.00 и 3.60), како и од поранешниот играч на Барселона, Осман Дембеле (12.00 и 4.50).

Кај Барселона, која игра одлично откако тренерот Чави Ернандес објави дека си заминува на крајот од сезоната, главен адут за постигнување голови е Роберт Левандовски. Квотата дека Полјакот ќе го отвори резултатот е 5.50, а 2.20 изнесува коефициентот да постигне гол во текот на натпреварот. Одлични се квотите и за Феран Торес, Марк Гују, Жоао Феликс, како и за двојниот стрелец од првиот натпревар, Рафиња.

Обложувачите можат да играат на тоа кој ќе го изведе првиот корнер, која екипа ќе го добие првиот жолт картон, дали ќе има црвен картон, како и кој ќе ја изврши првата замена.

Исто така може да се игра кое време ќе падне првиот гол, како и за тоа колку корнери ќе бидат изведени на натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести