Интер по 20-ти пат шампион на Италија

Интер поведе во 18. минута кога Франческо Ачерби беше највисок во скокот по корнер и со глава ја затресе противничката мрежа. МАркус Турам на почетокот на вториот период зголеми на 2:0, кога во 49. минута го фати Маињан на погрешна нога со приземен удар од врвот на шеснаесетникот во поблискиот агол. Надежите на Милан да остане непоразен во дербито ги врати Фикајо Томори, кој во 80. минута најдобро се снајде во мешаницата пред противничкиот гол и одбиената топка од стативата ја испрати зад грбот на Зомер.

Нервозата во самиот финиш резултираше со три исклучувања. Пво во третата минута од судиското продолжени црвени картони им беа покажани на Тео Ернандез кај Милан и Дензел Думфрис кај Интер, а по четири минути исклечн беше уште еден играч на „Росонерите“, Давиде Калабрија.

Со оваа победа Интер дојде до 86 бодови, односно недостижни 17 повеќе од вториот Милан.

Во Италија втора година по ред шампионот беше потврден на дури пет кола пред крајот на сезоната, лани истото успеа да го направи и Наполи.

За Интер ова е јубилејна 20-та титула државен првак, последна е освоена во 2021 година, а со неа повторно се осамостои на второто место на вечниот пласман. Недостижен прв е Јувентус со 36 титули, додека трет Милан со 19.

Фудбалерите на Болоња претходно во понеделникот направија голем чекор кон настап во Лигата на шампионите следната сезона совладувајќи го директниот конкурент Рома со 3:1 (2:0) на гостувањето во Рим. Болоња одигра одлично прво полувреме по кое водеше со 2:0, првиот гол го постигна Усама Ел Азузи во 13. минута со одличен и атрактивен удар, а најдобриот стрелец на тимот Џошѓуа Зиркзе во 45. минута го постигна на крајот од првото полувреме за 2:0. На почетокот на продолжението, Сердар Азмун во 55. минута акратко ѝ ја врати надежта на Рома, но Алексис Саелемакерс веќе во 65. минута ја врати предноста на Болоња на два гола.

Никола Моро остана на клупата на Болоња, која се консолидираше на четвртото место со 62 бода, седум повеќе со натпревар повеќе од петтата Рома и осум со исто така натпревар повеќе од шестата Аталанта. Бидејќи Италија следната сезона ќе има пет претставници во Лигата на шампионите, и Рома и Аталанта би требало да ја прескокнат Болоња во последните пет кола, што изгледа малку веројатно.