Перковац не е веќе селектор на Хрватска!

Горан Перковац не е веќе селектор на најдобрата ракометна селекција на Хрватска. Ова е одлуката на УО на Ракометната федерација на Хрватска која се одржа денеска, а е по повод неуспехот на Хрватите предводени од Перковац на последното ЕУРО 2024 кое се одржа во Германија.

Неговиот наследник ќе се знае во текот на следните денови, ова соопштува УО на РФХ.

Инаку познато е дека Хрватска под водство на Перковац го освои дури 11. место на ЕП, што секако за репрезентацијата од таков калибар се смета за голем неуспех.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО