ГАЛЕРИЈА: Изложба на огромни лего скулптури го обиколи светот

Откако обиколи над 100 градови во 24 земји и влезе во списокот на изложби кои според CNN се „Задолжителни да се видат“, Art of the Brick доаѓа во Лондон.

Изложбата го внесувa посетителот во весел и колоритен свет. Уметникот користел повеќе од милион легo коцки, создавајќи над 100 уметнички дела  Колекцијата вклучува многу скулптури заедно со ре-осмислените верзии на некои од најпознатите светски уметнички ремек-дела, како што се Давид на Микеланџело, Ѕвездената ноќ на Ван Гог и Мона Лиза на Да Винчи. Помеѓу чудата, посетителите ќе најдат и 6 метри долга репродукција на скелет на Тираносаурус Рекс и иновативна мултимедијална колекција на LEGO-фотографии произведени заедно со наградуваниот фотограф Дин Вест.

Back to top button
Close