Поврзи се со нас

Гостивар

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Објавено

на

Опфатот со вакцинација во гостиварскиот регион опаѓа, за одредени вакцини веќе е вклучен алармот и неопходна е повисока свест за важноста на имунизацијата за здравјето на децата и постигнување на колективен имунитет. Ова се потенцира во Европската недела на имунизација, која се одбележува со низа едукативни и теренски активности со цел подетална и точна информираност на населението за вакцините.

Денес, во рамки на Неделата за имунизација тим од службата за вакцинација на Здравствениот дом Гостивар беше во посета на детските градинки, каде медицинските лица имаа предавање пред родителите за вакцинирањето.

„Опфатот на имунизацијата опаѓа, со што целокупниот имунитет на општеството е загрозен. Овде сме да разговараме со родителите и да ја подигнеме свеста за бенефитот што ги имаме од имунизацијата, кое е едно од најголемите откритија на медицината. Со примање на вакцина беа искоренети многу болести, а сега има ризик да се враќаат и шират заради заради антивакцинални кампањи кои придонесуваат да опаѓа опфатот. Апелираме првенствено до родителите, да се информираат од релевантни извори, пунктовите за имунизација за нив се секогаш достапни, да добијат точни и проверени информации од стручна гледна точка. На интернет да се информираат од официјални страни, како Министерството за здравство, МАЛМЕД, а не од оние каде се водат кампањи против вакцините“, истакна д-р Дафина Богданоска од службата за вакцинација.

Примени вакцини според редовниот календар е услов за прием на децата во градинките.

„Чест ни е да организираме ваков мал настан, но со големо значење за детските градинки. Согласно Законот за детска заштита, во педагошката документација за секое дете во градинката задолжително има образец којшто го пополнува матичниот доктор во однос на календарот на имунизација, според возраста на детето. Секоја година тој образец се пополнува со печат и факсимил од докторот и е задолжителен при упис на децата во градинка. Значајно е бидејќи ја подигнуваме свеста на родителите и ја штитиме здравствената состојба на дечињата од најрана возраст“, рече Даниела Бошкоска, директорка на градинките во Гостивар.

Дечињата го разубавија денешниот настан со свои музички точки.

Пред десетина години вкупниот опфат на имунизација на гостиварското подрачје достигнувал 95% , што е задоволително ниво. Но, од година на година е во постојано намалување, па се доведува дури до алармантен процент со ризик за појава и ширење на заразни болести. Во Гостивар најнизок опфат има за вакцините МРП (морбили, рубеола, паротитис), а на ниско ниво се и ДиТеПер (дифтерија, тетанус, пертусис) и вакцината против пневмокока.

Годинава Неделата на имунизација има мото „Заштитуваме генерации“. Освен во градинките, предавања и настани се одржуваат и во основни училишта, а има и теренски посети во домовите.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 7 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 10 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 10 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 10 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 11 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 12 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена