Џиџи Хадид со нов изглед и уникатна тоалета со 3D жолти ружи на Мет Гала


Њујорк– Иако Џиџи Хадид не прошета на црвениот тепих со Бредли Купер, таа сепак ги вртеше главите!

Во чест на темата оваа година, која е „Градината на времето“, инспирирана од изложбата „Заспани убавици: повторно будење на модата“, супермоделот се одлучи за тоалета на Том Браун.

Белата тоалета  со раменици се состоеше од 3D жолти ружи и 2,8 милиони микро мониста.

Џиџи Хадид

Џиџи го комплетираше својот изглед со црвен кармин и боб платинеста фризура  оддавајќи му почит на стариот Холивуд и на сексимболот Мерилин Монро, според славната фризерка Лорен Полко.

Според Том, за изработката на фустанот биле потребни повеќе од 13.500 часа работа и тим од над 70 луѓе.

Браун изјави за Vogue: „Секогаш е привилегија да се гледа како Џиџи оживува креација. Таа е вистински талент кој блеска во што и да прави. Сакав нејзиниот изглед да ја отелотвори кревкоста и огромната работа што ги гледате на изложбата на Ендрју [Болтон], цветајќи на тепихот и во Метрополитен музејот на уметноста“.

Хадид беше воодушевена од фустанот, велејќи: „ На последната проба, конечно успеав да ги видам 3Д парчињата и само да ги држам. Само една ружа на мојата тоалета сама по себе е уметничко дело, а количината на часови и трудот на луѓето што се вклучени во овој фустан е едноставно неверојатна. За мене е чест што можам да им го претставам ова и секогаш одам по тепих имајќи го тоа на ум. Многу сум горда на нивната работа“.

Што се однесува до тоа како настанал фустанот, нејзината стилистка Мими Катрел сподели: „Работам многу визуелно, така што Pinterest е најдобрата алатка кога се добиваат слики за да се помогне во курирањето на совршениот изглед. Се фокусиравме на статуи и структурирани камени столбови во градина со винова лоза и цветни детали за изгледот на Џиџи, а јас бев толку инспирирана од референците за античките италијански градини. Го сакам тоа како светлината ги рефлектира прекрасните жолти тонови на каменот што ја инспирираше насоката на жолтиот накит да го придружува нејзиниот изглед“.

Хадид беше на Мет Гала осум пати од 2015 година.

Таа истакна: „Ова, како некој во модната индустрија, е како мојата омилена ноќ во годината. Мислам дека тоа е како нашата матура. Тоа е местото каде што можеме да се забавуваме најмногу и сакаме да полудиме. Не го правиме тоа како работа, ние сме таму да создаваме заедно и да собереме пари за Мет за да ги зачува уметничките дела како ова. Така, мислам дека секоја година едноставно се забавувам гледајќи наоколу и гледајќи како различни креативци ја сфаќаат темата“.