Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

од Vladimir Zorba

Стејт департментот негираше дека заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија и американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, се разрешени од должностите, наведувајќи дека Ескобар ќе добие нова функција во наредните недели, како дел со редовна ротација.

Портпаролот на Стејт департментот, во одговор на прашањето на Танјуг дали може да ја потврди веста објавена од порталот „Фронтлајнер“ дека Ескобар е разрешен од должноста, истакна дека изјавите на уредникот на порталот се лажни и дека Ескобар не бил разрешен од должноста.

„Сите дипломати од кариера во странство се менуваат на секои една до четири години, што е редовна практика. Како дипломатски службеник, Ескобар е на својата сегашна позиција веќе три години и треба да продолжи на следната задача во наредните недели. До закажаната транзиција, останува на местото заменик помошник секретар во Канцеларијата за европски и евроазиски прашања, како и специјален пратеник за Западен Балкан“, се вели во одговорот на Стејт департментот за Танјуг.

Слични содржини