Search

Силјановска се сретна со Иванов

Во рамките на нејзината кампања, денеска кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во Валандово се сретна со нејзиниот универзитетски колега и поранешен претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

„Соговорниците имаа можност да поразговарат на многу теми и да споделат искуства за кампањите, како и за двата мандати на поранешниот претседател кои беа исполнети со многу предизвици. Тие заклучија дека размената на искуства и мислења се значајни за престојниот период во Македонија“ се наведува во соопштението од изборниот штаб на Силјановска.

Треба да знаете
Последни објави