Аргентинците бурно ја прославија победата, Меси пееше на цел глас, а голманот заврши на маса (Видео)

Фудбалерите на Аргентина конечно добија причина за славење. Откако доживеаја дебакл против Саудиска Арабија (1:2) во првото коло на Светското првенство во Катар, синоќа го победија Мексико со 2:0 со головите на Лионел Меси и Енцо Фернандез.

По славењето на теренот, во соблекувалната имаше уште поголемо славење на триумфот со кој останаа во игра за освојување на едно од првите две места во групата кои водат во нокаут-фазата.

Тие во соблекувалната максимално се опуштија и покажаа емоции по триумфот кој ги врати во живот по шокантниот пораз од Саудиска Арабија. Фудбалерите ја пееја навивачката песна, а на маса заврши првиот голман Емилијано Мартинез, кој буквално полуде од радост.

И Меси пееше на цел глас, гол до половината, не криејќи ја својата радост.

Сепак, работата за Аргентинците не е завршена, тие мора да ја совладаат Полска во третото коло за да бидат сигурен учесник во осминафиналето на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести