Пензионерите на штрајк на плоштадот „Слобода“ во Штип, незадоволството и револтираноста немаат крај

Намалувањето на социјална помош како и малите пенизии ги натераа пензионерите од Штип да излезат и гласно да ги искажат своите незадоволства Едногласни се дека се оштетени од државата, и правдата ќе ја бараат до крај.

„Законот беше донесен во ноември 2023 година, тој закон беше повран со социјланиот момент и требаше да трае точно 5 месеци, но петиот месец власта се дрзна и на граѓаните пензионери и ја намали социјалната помош без никакво најавување. Пензионерите што земаа по 3000 денари, ако ги фатеше покачувањето 5,3 тие земаа по 1000 денари. А тие што земаа по 2000 денари тие зедоа по 1500. “ – велат пензионерите.

Дел од граѓаните се незадоволни и револтирани од фактот дека граѓани од Косово земале пензија во државата без ниту еден работен ден.

„Често пати политичарите се правдаат дека нема пари, сега ќе ви кажам една вистина. 51.000 корисници на пензија, граѓани се од Косово, кои немат ни еден ден работено во Република Македонија. Капитални пари нема, а они зборуват дека пензиите се толку покачени“ – велат пенизонерите.

Децидни се дека нивните барања треба да бидат слушнати, и да го добијат она што го заслужуваат

„Помош зимаше по 2000 денари, покачиле ми 500 денари на платна пензијата, а 500 ми сопреа.И сега како да не сум зимал ништо.„

„На сите и е скратено, по 1000 днари, на некого по 2000 на некого по 500 денари овоа големо незадоволство го прават самите политичари односно власта и со тоа сами си стават нож на грло. Не се плашите тие пари се наши не се нивни.“

Во периодот кој следи планираат уште помасовен протест, со поголем број на пензионери, со цел да добијат поголеми пензии.

Лаура Стојанова М-Нет