Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луис Енрике: На играчите им ја соопштив единствената фраза која ја научив на француски!

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Луис Енрике речиси десет месеци е во Франција како предводник на ПСЖ и дојде до ситуација да мисли на големото финале во Лигата на шампионите, нешто што ќе стана реалност доколку неговиот тим утре направи пресврт против Борусија Дортмунд.

„Светците“ не ги искористија своите шанси на „Сигнал Идуна парк“ и се вратија дома со негатива од 1:0, но популарниот Лучо е самоуверен во победа, исто како што беше и пред гостувањето кај Барселона во четвртфиналето.

Шпанецот верува дека неговиот тим ќе го совлада германскиот состав и дека ќе се пласира во финалето на „Вембли“, но доколку на крајот не се случи тоа, само ќе му честита на ривалот предводен од Един Терзиќ.

– Убеден сум во победа, за време на мојот престој тука, научив само една фраза. „Ние ќе победиме“, тоа е фразата која ја научив на француски и која им ја пренесов на моите фудбалери. Тоа е единствената фраза која ми се допаѓа на француски и тоа им го соопштив на играчите. Секогаш сум убеден во победа, – изјави Луис Енрике, кој во дадениот момент ја искажа фразата на француски.

За време на пресот, еден од шпанските новинари го запраша Луис Енрике дали ќе се смета за големо разочарување евентуален неуспех во полуфиналето, по што Лучо возврати.

– Тоа е многу шпанско прашање, се гледа дека си од Шпанија. Има многу работи кои се полоши од пораз. Утре пак ќе изгрее сонцето во Париз, ќе продолжи животот напред. Ако загубиме, ние како спортисти ќе му подадеме рака на ривалот и ќе му честитаме. Се додека се будам наутро, ќе се обидувам да стигнам најдалеку, тоа е мојата цел, – порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни