19 Април, 2024
0.0277

ДО КОГА ЌЕ ИМАМЕ РАСТ ОД ДВА ПРОЦЕНТИ – Ни треба забрзување, но како до него?

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Какви се изгледите да забрза македонската економија во текот на годината? Кои сектори имаат потенцијал да ја повлечат економијата и какви се шансите градежништвото, особено најавените проекти да поттикнат посилен економски раст? Многу прашања се наметнаа по објавата дека во првиот квартал домашната економија пораснала за скромни 2,1 проценти. 

Податоците говорат дека поголем раст е забележан во сектрот градежништво од 12,7 отсто. Ова е сектор кој важи за мотор на македонската економија, и неговото заживување ќе има одраз врз севкупната економија. Дополнително подобар раст имаат секторите трговија на големи и мало, објекти за сместување и сервисни дејности со храна. 

Експертите потенцираат дека растот на домашната економија бил очекуван согласно тековните случувања, и додаваат дека неизвесноста и понатаму влијае врз економијата, поради што не се очекуваат значајни промени во следниот период. 

- Растот од 2,1 отсто во првиот квартал е очекуван, забележуваме дека личната потрошувачка е релативно солидна, но значаен пад имаме кај бруто инвестициите што е рефлексија на неизвесноста во економското окружување. Оттука, позитивниот раст најмногу го извлекува растот на извозот наспроти падот на увозот. Последното може да укажува на очекувани неизвесности и за следниот период. Така што, севкупно, би рекол дека и следните квартали ќе гледаме слична слика која е одраз на неизвесноста и сеуште присутните ризици во економското окружување – објаснува универзитетскиот професор Марјан Петрески. 

Професорот за Фактор укажува оти градежните активности имаат потенцијал да придонесат за развој на економијата, особено кога инвестицијата ќе земе замаф. 

- Во однос на тоа дали изградбата на автопатските делници сврзани со Бехтел и Енка ќе влијае врз растот - да, нема тука дилема. Според постојни истражувања, проценката е дека кога инвестицијата би била во полн ек, ќе придонесува кон растот во распон од 0.5 до 1 проценти поени – укажува Петрески. 

Бројките покажуваат дека наспроти солидниот раст на градежништвото, уште посолиден, или поголем пад има кај инвестициите од дури 20 проценти. 

Но, ниту банкарите не очекуваат значително подобри резултати до крајот на годината. За оваа година НБРМ очекува економскиот раст да достигне 2,1 процент, а инфлацијата да биде и понатаму висока и да се движи меѓу 8 и 9 отсто. 

- Макроекономската слика не е значително променета. Се очекува стабилизирање на растот и умерено забрзување на среден рок, и постепено забавување на инфлацијата. Енергетската компонента би придонела за забавување на инфлацијата во 2023 година, што се должи на претпоставките за намалување на центие на енергентите, а што се очекува и со ублажување на ценовните притисоци кај храната. Ризиците се поврзани со неизвесноста на светските цени на енергијата и хранта и преносот врз домашната економија – укажа гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на последната пресконференција за растот на БДП.  

П.О.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите