(Видео) Бразилка го донела мртвиот „вујко“ во инвалидска количка во банка за да земе кредит

Инцидент од Бразил во кој 42-годишна жена во инвалидска количка донела мртвиот „вујко“ во банка во Рио де Жанеиро за да ги потпише документите за кредит – стана вирален.

„Вујко Пауло, слушаш? Мора да потпишеш. Ако не потпишеш… не можам да потпишам за тебе“, рече таа. Сепак, 68-годишниот маж што таа го донела во инвалидската количка не реагирал. Жената се претставила како негова внука и старател, иако полицијата се уште не утврдила дали и како се поврзани, пишува Вашингтон пост.

Му турнала пенкало меѓу прстите на починатиот, а кога вработените во банката забележале дека е блед, им рекла дека „таков е“. Конечно повикале брза помош, која констатирала дека човекот бил мртов со часови.

„Секој што го гледа видеото може да види дека човекот е мртов“, изјави Фабио Соуза, главен полициски истражител, за телевизиската мрежа Globonews. „Таа го допираше, а знаеше дека е мртов“.

Полицијата ги истражува причините за смртта на мажот, а жената е обвинета за кражба. Мажот наводно бил хоспитализиран порано поради пневмонија, но во понеделникот жив ја напуштил болницата.

Текстот (Видео) Бразилка го донела мртвиот „вујко“ во инвалидска количка во банка за да земе кредит е превземен од МАКФАКС.