Како перцепцијата на реалноста се менува во време на вештачка интелигенција

Дали ви се верува дека овој вкусен тост со авокадо и јајце не е вистински?

top-down food photograph of freshly made toast with smashed avocado on top with fried egg, tasty and savoury on a wooden table, well lit by 3-point lighting at 5500k, well-balanced contrast and saturation

А што велите за овој „брауни“ од кој течат лиги?

Brownie, Rich chocolate fudge with gooey center, Texture, Contrast, Luxurious, Decadent, Rustic wooden table, Soft, warm natural light, Deep, dark tones, Elegant plating, Selective focus, Rule of thirds, Canon EOS R5 with 50mm lens, f/2.8, ISO 200, Evening golden hour, In the style of Chef Jiro Ono, UHD resolution

Верувале или не, овие „фотографии“ се генерирани со помош на АИ.

Што е реалноста?

Ако АИ може да генерира слика на јадење со неколку зборови, а друга АИ може да и’ даде критика (и тоа во стил на Гордон Ремзи – пробајте го Hoku’s Roast My Meal) – тогаш каде е улогата на човекот и што е вистината!?

Навистина, на кого/што можеме да веруваме во време на АИ?

Перцепцијата е реалност“, изјавил во 1980-тите американскиот политички стратег Ли Атвотер, додека векови пред него ирскиот емпириски филозоф Џорџ Беркли, во 1710 година, во познатиот мисловен експеримент се прашувал: „Ако дрвото падне во шума, а никој не е во близина да го слушне, дали тоа создава звук?“

Кантовата филозофија често се поврзува со неговото влијателно дело „Критика на чистиот разум“ (1781), каде што тој ги истражува границите и можностите на човечкото знаење. Според Кант, нашата перцепција за светот не е пасивна рефлексија на реалноста, туку е активен процес каде што нашите умови ги организираат и структурираат необработените податоци обезбедени од нашите сетила.

Пред нив Рене Декарт одел уште подалеку. Од неговиот „Дискурс за методот,“ (1637) потекнува неговото славно „Мислам, значи постојам“. Но, можеби најдобра слика за ова (во контекст на фотографиите на нереални јадења и АИ кои ги оценува), дава изјавата на ликот Сајфер (Cypher) од филмот Матрикс.

Сајфер: Знам дека овој стек не постои. Знам дека кога ќе го ставам во уста, Матриксот му кажува на мојот мозок дека е сочен и вкусен. По девет години, знаеш што сфаќам?
[Лапнува парче стек и ги затвора очите со уживање]
Сајфер: Незнаењето е блаженство.

Оваа сцена, како и целата идеја на Матрикс не е случајна, особено ако знаете дека креаторите на филмот се инспирирале од филозофијата, и тоа посебно од „Медитации за првата филозофија“’ од Рене Декарт, „Република“ од Платон и „Симулакра и Симулации“ од Жан Бодријар.

Последната книга го истражува концептот на хиперреалностa, каде што симулациите и копии на реалноста стануваат „пореални“ од самата реалност. Филмот ја отсликува оваа идеја во Матриксот кој симулира свет што луѓето го доживуваат како реален.

Светски споменици како јадења во една симулирана реалност

Прашањето е дали веќе живееме во една таква „реалност“. Специјално за нашите читатели, со помош на Midjourney, подготвивме неколку вкусни јадења.

Кинески двопек ѕид со бисквити од страна
Пирамида во Гиза – бонбона!
Чоколадни скулптури на Велигденскиот какао Остров
Сладолед Рашмор
Фетакропол
Месохенџ со британски колбаси од страна
Шпагетоколосеум

Ако ви се јадат уште вкусни светски знаменитости, пишете ни на contact@arno.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *