Поврзете се со нас

Шпанија

Дел Боске доби специјална функција од шпанската влада

Објавено

на

Поранешниот шпански селектор, Винсенте Дел Боске е назначен за прв човек на владиниот комитет кој ќе ги контролира случувањата во Шпанската фудбалска федерација до конечно решение за позицијата претседател.

Луис Рубиалес ја загуби функцијата по неколку скандали, а пред неколку дена федерацијата го избра Педро Роча за нов предводник, што предизвика нови контроверзи бидејќи и самиот Роча е под истрага за корупција.

Шпанските власти сакаат да ја мониторираат ситуацијата под водство токму на Дел Боске, а УЕФА и ФИФА изразија загриженост поради инволвирањето на овој комитет и ја предупредиле владата дека нема да дозволат мешање на политиката во федерацијата.

УЕФА побарала објаснување за формирање на комитетот и неговата цел, а доколку не биде задоволна од одговорот, може да испорача европска суспензија за клубовите.

Дел Боске ја предводеше Шпанија до единствениот мундијалски триумф во 2010 година и до триумф на ЕП две години подоцна.

Претходно, го предводеше Реал до две европски титули и две титули во шпанското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни