На 07 јуни во 17:00 часот , ќе се одржи прошетката низ Скопје на која учесниците ќе тркалаат зедно „Рециклираната топка“, партиципативен уметнички проект инициран од авторите Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин кои заедно работат во изминативе години под слоганот Two artists one planet.

Како #twoartistsoneplanet, тие се на постојано патување од Јужна Африка преку Европа до Индија, а во моментов се на едномесечен проектен престој во Скопје. За време на својот престој тие работат со пронајдени предмети и со „ѓубре“ кое го користата за да  создаваат Sound&Movement Performances.

Преку оваа акција авторите сакаат да ја подигнат свеста за ѓубрето, потрошувачката и рециклирањето.

„Рециклираната топка е последната активност од нивниот  едномесечен престој  во Скопје во партнерство со Гете-институт Скопје и во соработка со Акто Фестивал КСП Центар -Јадро.

Збирно место: улица Борка Талвески бр. 26 – во Старата железничка зграда – веднаш зад „The Dude Specialty Coffee café.

Со нетрпение очекуваме да ни се придружите сите. Оние кои се заинтересирани за звук и уметност, оние кои се заинтересирани за рециклирање и нашата потрошувачка на ѓубре како општество. Оние кои би сакале да дознаат повеќе за самиот проект. И оние што ги сретнавме на патот.

Сесилија (Ци) Мартенс родена во Јужна Африка е фотографка, документаристка и писателка со долгогодишно работно искуство во сверата на патувањето, туризамот, одржливоста и медиумите.

Родена во претседателската ера пред Мандела во 1994 година во Јужна Африка е една од првите 100 меѓукултурно посвоени бебиња во Јужна Африка. Ова уникатна перспектива на Ци го разгорува нејзиниот интерес за темите – како што се „Моќта на пасошот“, „Разновидност“, „Дискриминација“, „Свеста за ментално здравје“, „Еднаквост и вклученост“ и „Одржливост во животот и во уметноста“.

Како етаблиран глас во нејзините индустрии, главниот проект на Ци моментално е #TwoArtistsOnePlanet во партнерство со нејзиниот вереник, Холгер Маик Мертин додека го продолжуваат нивниот проект за „споро“ патување низ светот.

 Instagram: @ceecestravel Email: at [email protected]

Холгер Маик Мертин е аудио уметник и активист за одржливост. Неговата работа се фокусира на трансформација на архитектонските објекти и еколошката околина каде настапува со музички инструменти.

Заедно со Филмер и неговата партнерка Ци, тој работи на долгорочниот проект за патување со уметност и одржливост – веќе две и пол години започнуваќи го патувањето во Јужна и Источна Африка, Европа, Балканот и Индија.

Холгер соработувал со меѓународно познати музичари и уметници како Jaki Liebezeit (Can), AnnenMayKantereit, Eberhard Kranemann (ex Kraftwerk), Milan Sladek (mime), DJ Marcelle, WDR Rundfunkorchester.

Повеќе од десет години предавал и истражувал на Универзитетот за музика и танц во Келн. Тој има создадено неколку ударни инструменти и компонирал неколку дела за WDR Radio, а исто така свирел како импров солист со Staatsphilharmonie Nürnberg.

инстаграм: @holgermaikmertin Е-пошта: www.holger-maik-mertin.com

Фејсбук страница за #TwoArtistsOnePlanet – @TwoArtistsOnePlanet



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.