Кошарка Спорт

Лејкерс го отпуштија тренерот Дарвин Хам по двете елиминации од Денвер по ред

Лос Анџелес лејкерс синоќа му врачија отказ на тренерот Дарвин Хам две години пред истекот на договорот. Разделбата доаѓа само неколку денови откако тимот беше елиминиран во првата рунда од плеј-офот во НБА-лигата од Денвер во пет натпревари.

Хам две сезони беше на кормилото на Лејкерс и во двете го предводеше тимот до плеј-офот и тоа преку плеј-ин турнирот. Лани Лејкерс стигнаа до конференциското финале, каде загубија во четири натпревари од евентуалниот шампион Денвер, а истиот тим ги елиминираше и сезонава, но во првата рунда и тоа во пет натпревари.

Лејкерс сепак под водство на Хам освоија еден трофер и тоа во НБА Купот, кој сезонава се одржа за прв пат во историјата. Неговиот скор во регуларниот дел од сезоната изминативе две сезони е 90 победи и 74 порази, а во разигрувањето 9 победи и 12 порази.

Долга е листата на потенцијални замениници на Хам на клупата во Лос Анџелес. Медиумите шпекулираат со поранешниот кошаркар Џеј Џеј Редик, кој нема никакво претходно тренерско искуство, но е телевизиски експерт и е близок пријател со Леброн Џејс со кого имаат и подкаст. Потоа тука е името на Мајк Баденхолцер, Кени Ектинсон, потоа Тајрон Лу од Клиперс, Тери Стотс, но не се исклучува и можноста за кам-бек на Франк Вогел, кој го водеше тимот до титулата во 2020 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе