Ова што го прави неуништливиот Баер Леверкузен тешко дека ќе се повтори некогаш

Баер Леверкузен и по 49 официјални натпревари сезонава е непоразен и тоа е нов европски рекорд, а посебно импресионира начинот на којшто Фармацевтите наоѓаат лек како да избегнат пораз во мечеви на кои делува дека ќе загубат.

Леверкузен ја обезбеди титулата во Бундеслигата, а оди и по тројна круна, ќе игра финалиња и во Лигата на Европа против Аталанта и Купот на Германија против второлигашот Кајзерслаутерн. Во сите овие три натпреварувања нема пораз, низата е 49 дуели едноподруго, а дури на 11 даваа гол во судиското продолжение, со кое се спасуваа од пораз.

Најкритично им беше со Карабах кога губеа 0-2 до 92-рата минута, но со два гола и тогаш извадија реми. Вечерва против Рома израмнија со гол во седмата минута од судиското продолжение. Тоа го направија и со Борусија Дортмунд, Штутгарт кога во 97-ма минута останаа на патот на непоразеноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести