Астрономите ја набљудуваат бавната смрт на најголемата ѕвезда во Млечниот Пат

0

Тридимензионалните модели на астрономските тела знаат да бидат пресложени. Големината на овие модели може да се движи од црни дупки па до целиот Универзумот и сè помеѓу нив. Не секој објект го добива потребното внимание за да се развие комплетен модел за него, но можеме официјално да додадеме уште еден многу сложен модел на нашите списоци.

цревени супе дзин

Артистичка претстава на VY Canis Majoris

Астрономите од Универзитетот во Аризона развија модел на VY Canis Majoris, црвен хиперрџин што е веројатно најголемата ѕвезда на Млечниот Пат. И тие ќе го користат овој модел за да предвидат како ќе умре. Како умираат црвените хиперџинови е тема на дебата во последно време. Првично, астрономите мислеа дека тие едноставно експлодирале во супернова, како што прават многу други ѕвезди.

Сепак, поновите податоци покажуваат значителен недостаток на супернови во споредба со бројките што би се очекувале доколку самите црвени хиперџинови би експлодирале на тој начин. Сегашната теорија е дека поголема е веројатноста да колабираат во црна дупка, што е многу потешко да се набљудува директно од првично предложените супернови.

Останува нејасно кои се точно карактеристиките на ѕвездите кои би еволуирале во црни дупки и за да дознаеме, би било корисно да се има модел. Истражувачите го избраа VY Canis Majoris како одличен урнек за типот на црвени хиперџинови за кои беа заинтересирани да дознаат повеќе.

Самата ѕвезда е масивна, со големина од 10 AU до 15 AU (астрономски единици) и е само 3009 светлосни години од Земјата. Ова ја прави VY Canis Majoris, која се наоѓа во јужното соѕвездие Големо Куче, фасцинантна за набљудувачите. Нејзината огромна големина и близината до нашиот Сончев систем ја прават одличен кандидат за набљудување. Со добри податоци за набљудување, астрономите можат да ја видат воодушевувачката сложеност на тоа како всушност изгледа површината на ѕвездата.

Еден од основните процеси во смртта на ѕвездата е загубата на маса. Вообичаено, ова се случува кога гасот и прашината рамномерно се издувани од фотосферата на ѕвездата. Сепак, на VY Canis Majoris, има масивни карактеристики кои се слични на короналните лаци на Земјата, но милијарда пати помасивни. Истражувачите го користеа АЛМА радио телескоп за да соберат радио сигнали од материјалот што се разнесува во вселената како дел од овие ерупции.

Тој материјал, вклучувајќи сулфур диоксид, силициум диоксид и натриум хлорид, ќе им овозможи да ја детектираат брзината со која се движи, наместо само статичкото присуство на други исфрлања, како што е прашината. За да го направат тоа, тие мораа да ги порамнат сите 48 чинии на АЛМА и да соберат повеќе од терабајт податоци за да ги добијат точните информации.

Обработката на сите собрани податоци може да биде прилично предизвикувачка, а тие сè уште работат на некои од нив. Сепак, тие имаат обработено довлоно да ги претстават своите наоди на Американското астрономско друштво во средината на јуни. Кога ќе имаат уште повеќе податоци, ќе можат да направат уште подобар модел за тоа како изгледа една од најголемите ѕвезди во галаксијата.

И еден ден, далеку во иднината, тој модел за тоа што ќе се случи со црвениот хиперџин може да добие шанса да биде тестиран кога VY Canis Majoris конечно, официјално, ќе умре.

Превод: Христијан Петрески

Извор: sciencealert.com

Сподели.