Макрон ќе го блокира изборот на Валас за шеф на НАТО

by Fokus

Емануел Макрон го навлече гневот на британските пратеници откако се покажа дека планира да го блокира назначувањето на Бен Валас за нов генерален секретар на НАТО.

Францускиот претседател наводно има намера да стави вето на назначувањето на кој било британски или турски кандидат за функцијата генерален секретар на Алијансата.

„Англофобијата на Макрон е разочарувачка, но барем тој е доследен“, изјави британскиот конзервативен пратеник, Ендрју Бриџен.

Друг пратеник на истата партија истакна дека позицијата на Париз го става британскиот премиер Риши Сунак, кој го нарече Макрон пријател, во непријатна ситуација.

Валас сега е британски министер за одбрана.

„Њујорк тајмс“ објави дека кандидати за функцијата генерален секретар на НАТО – покрај Валас се и канадската вицепремиерка и министерка за финансии, Кристиа Фриланд, естонската премиерка Каја Калас, словачката претседателка Зузана Чапутова и поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ.

Поврзани новости