еМагазин
Image default
Бизнис

Во мај индустриското производство зголемено за 2,9%

Индустриското производство во мај 2022 година, во однос на мај лани е поголомо за 8.5 отсто. Во периодот јануари – мај, пак, во споредба со првите пет месеци од минатата година е зголемено за 2.9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи пораст од 5.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 66%. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи пораст кај Енергија за 58.3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.3%, Капитални производи за 8.7%, Трајни производи за широка потрошувачка за 20.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идната недела разговори со грчките власти за условите за влез во Грција

Редакција

МАПАС: Граѓаните да се информираат за пензискиот систем уште додека се млади

Редакција

Хотели-Метропол лани со добивка и зголемени приходи

Редакција