Скопје

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка во Ново Село, има повредени

Страшна сообраќајка се случи денеска во Ново Село. Според информациите кои ги објавија граѓаните во сообраќајката има тешко повредени лица, а на местото на настанот имаше и возило на итната помош

„Тешка сообраќајна незгода во Ново Село, има сериозно повредени лица!!!!
За да знаат институциите, ова е втора посериозна несреќа за кратко време од кога е отворен големиот маркет на самата главна улица, проблемот е што маркетот нема паркинг за потрошуваците и возилата ги паркираат на самата автобуска станица која е пред самиот влез на маркетот и автобусите неможат да се застанат за патници и застануваат на самата улица!!!!!
Ако не се превземене нешто за безбедноста на сообраќајот на оваа локација, следната незгода може да биде фатална“, велат граѓаните.

На почеток