Без Македонци во изборот на Карабатиќ за најдобри ракометари на светот

Легендарниот ракометар Никола Карабатиќ би можел денеска да го одигра последниот натпревар во Лигата на Шампионите со оглед на тоа што неговиот ПСЖ има негатива од осум голови по првиот двомеч против Барселона и најавеното заминување во пензија на крајот на сезоната.

По тој повод 40-годишникот со балканско потекло даде опширно интервју за шпанскиот медиум „Мондо Депортиво“ во кој ги откри и ракометарите кои според него се најдобри во историјата.

„Не можам да издвојам едно име. Еден од моите идоли отсекогаш беше Стефан Ловгрен. Обожавав да го гледам додека бев мал, но тука има и многу други играчи како Енрик Масип, Патрик Чавар, Џексон Ричардсон, Иван Балиќ, Микел Хансен, Тијери Омејер, Арпад Штербик, Олафур Стефансон, Петар Метличиќ и Магнус Висландер“, изјави Карабатиќ.

Се вчитува...