еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во затвор до судењето за наводна корупција

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, најголемиот ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чие апсење предизвика масовни протести во Турција, ќе остане во истражен затвор до неговото судење за наводна корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Масовни протести во Истанбул откако беше уапсен градоначалникот Имамоглу

Тој се товари и за „терористички“ дела, а Судот допрва треба да се изнесе за тоа.

Имамоглу беше уапсен во средата заедно со околу 100 други лица, неколку денови пред да биде номиниран за претседателски кандидат на главната опозициска партија ЦХП.

Притвор е одреден и за советниците на Имамоглу.

Редовните претседателски избори во Турција се во 2028 година, но Ердоган би можел да ги одржи порано, пренесуваат турските медиуми.

Фото: Фејсбук/Имамоглу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ ја објави својата намера да формира нова авиокомпанија во Малта

Редакција

Пристигна колекцијата есен – зима: Луис & Кларк во новата кампања за мултибрендот FASHION&FRIENDS

Редакција

Во возило пронајден починат 39-годишен маж со прострелни рани

Редакција