(ВИДЕО) Здравко Чолиќ и Лепа Брена со заеднички настап – Публиката во „елемент“

Балканските музички ѕвезди Здравко Чолиќ и Лепа Брена синоќа настапија заедно на фестивалот „Копаоник мјузик вик“.

Лепа Брена и Здравко Чолиќ се двете најголеми југословенски ѕвезди, а нивните повеќедецениски кариери и многубројната публика го оправдуваат овој ласкав статус.

Никој не очекуваше дека на затворањето на сезоната во рамки на фестивалот ќе се случи нешто толку спектакуларно, но синоќа на публиката ѝ беше приредено нешто за што долго ќе се зборува – Лепа Брена му се придружи на Здравко Чолиќ на сцената и заедно предизвикаа хистерија кај публиката!

Легендарниот Чола ја вжешти атмосферата, а заедничката изведба со Лепа Брена на легендарната песна „Пусти, пусти мода“ беше врв на вечерта, кој ја остави публиката без здив. Комбинацијата на нивните неверојатни гласови и харизмата создаде незаборавен момент кој ќе остане врежан во сеќавањето на сите присутни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e