Рецепт за МЛАД КОМПИР кој ќе му даде крцкава и златна кора!

Велигденскиот ручек не може да се замисли без овој прилог, а бидејќи започна новата сезона на млади компири ви предлагаме да го послужите со месо. Печено е најдобриот избор, а во следниот текст прочитајте како да го подготвите за да биде мек внатре и крцкав со златна обвивка однадвор.

Состојки:

450 гр млад компир
1 лажичка мелена пипер
сол и црн пипер
2 супени лажици маслиново масло
2 лажици путер

Подготовка:

Младиот компир исечкајте го на половини и ставете да се вари, односно 10 минути откако ќе зоврие водата. Компирите процедете ги, па посолете, побиберете и посипете со мелен пипер. Прелијте со маслиновото масло и убаво измешајте. Истурете во тавата и свртете на рамната страна. Покријте со растопен путер и печете на 200°C околу 20 минути. На половина од печењето, по 10 минути свртете ги компирите и печете до крај.

- Реклама -