Општина Прилеп доби ново специјално возило за лица со посебни потреби

35

Општина Прилеп доби донација специјално возило за лицата со посебни потреби  од фирмата „Дрекслмајер Македонија“.

Возилото е опремено со автоматска рампа за непречен пристап на инвалидска количка, како и простор кој е соодветно наменет за транспорт на опремата на лицата со посебни потреби. Специјалното возило ќе биде на располагање за потребите на сите лица и здруженија за лица со посебни потреби од општина Прилеп, а општината ќе се грижи за неговото тековно одржување и сервисирање.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески потенцираше дека социјалните проекти се од особено значење за лицата со посебни потреби, но и за локалната заедница.

-Можноста да создадеме подобри услови за лицата со телесен инвалидитет, подобрена социјална инклузија и да придонесеме за подбрување на квалитетот на животот на оваа ранлива категорија граѓани нѐ прави особено среќни. Важно е заеднички да делуваме и уште повеќе да ја развиеме свеста за потребите и предизвиците со кои овие лица се соочуват – истакна Лукас Мирингер, генерален директор на „Дрекслмајер Македонија“.