ТФТ го надигра Гостивар на „Кале“, лесни победи на Кожув и Еуро Никел

ТФТ влезе во победничка низа во Првата лига откако во 14. коло славеше со 91-77 против Гостивар. „Црно-белите“ беа подобриот протиник во поголемиот дел од мечот, одиграа одлично во одбраната каде го лимитираа противникот и сосема заслужено стигнаа до дветтата победа.

По изедначеното отварање на натпреварот во кој двата тима имаа свои моменти иницијативата прв ја превзема ТФТ кој благодарение на обидите за три поени успеа да направи резултатска предност. „Црно-белите“ реализираа два обиди повеќе зад линијата 6,75 па имаа предност од 22-18 по 10. минути игра. Домашниот состав продолжи со одличниот напаѓачки ритам и до крајот на првото полувреме со што рано стигна до двоцифрена предност, а истата ја задржа и по 20. минути игра (48-37) и покрај тоа што Гостивар беше оној кој имаше шанса да ја врати едноцифрената негатива на крајот на четвртината.

Домашниот состав продолжи да го контролира мечот и во на отварањето на второто полувреме. Избраниците на Смилковски одиграа одлично во одбраната, успеаја да го исконтролираат скокот, а со тоа и да ја зголемат предноста на 75-53 по третата четвртина по што последните десет минути беа само формалнсот во кои Гостивар успеа да го ублажи поразот.

Со 17 поени лидер на ТФТ беше Ташовски, 16 поени додаде Бишоп, а 14 поени, 8 асистенции и 5 скока Костоски. 13 поени и 13 скока за Гостивар забележа Корсантиа, до 13 поени броеше и Пипкинс, а по 12 поени постигнаа Ефремовски и Митевски.

На победа се радуваше и Кожув кој одигра нов доминантен натпревар, овој пат против Куманово за триумф од 94-76. Избраниците на Јончевски рано стигнаа до двоцифрена предност, а истата не ја испуштија до крајот на мечот со што го запишаа шесттиот триумф во првенството со кој направија значајна предност во однос на долниот дел од табелата.

Со 31 поен и 13 асистенции лидер на Кожув одново беше Гордон, додека дабл-дабл од 20 поени и 11 скока забележа Ризвиќ. 20 поени за Куманово постигна Смит, а до 13 броеше Џоинтер.

До два бода стигна и Еуро Никел кој во „Јасмин“ славеше со 80-66 против дебитнантот Чаир 2030. Кавадарчани благодарение на првата четвртина која ја добија со 24-16 стекнаа предноста која ја задржаа до самиот крај и покрај падот во играта во продолжението и налетот на скопјани кои во втората четвртина успеаја во еден момент да ја вратат резултатската неизвесност.

Со 17 поени и 7 скока лидер на Еуро Никел беше Гавриловиќ. „Ол-ароунд“ натпревар проследен со 11 поени, 7 асистенции и 5 скока одигра Соколов. Со 19 поени, 6 асистенции и 6 скока Чаир 2030 го предводеше Френклин, додека 18 поени и 9 скока додаде Мохамед.

Се вчитува...