(ВИДЕО) Дрон падна на 150 километри од центарот на Москва

Од:

Во градот Киријевск во областа Тула, кој е на 150 километри од центарот на Москва, падна и експлодира дрон.

Жителите на регионот Тула покажаа делови од дронот што експлодираше во градот Киријeвск.

Според руската страница Телеграм, во експлозијата се повредени две лица, оштетени се пет приватни куќи и една зграда.

Според информации, станува збор за камиказе дрон Ту-141 „Стриж“, наполнет со експлозив.

Пред 20 дена сличен инцидент се случи кога авион падна на општинската депонија во градот Химки, на околу 100 километри од Москва.

Исто така, на 19 март во Тула падна уште еден дрон, по име Реис, исто така наполнет со експлозив.

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски