Легендите на Јунајтед го кренаа гласот: Не чекајте крај на сезоната, веднаш отказ за Тен Хаг

Манчестер Јунајтед вчера го претрпе еден од најлошите порази во оваа сезона. Кристал Палас го совлада гигантот со 4-0, што наиде на многу критики упатени од аналичарите. Гласот го кренаа и поранешните играчи на Манчестер, кои бараат на Тен Хаг веднаш да му се врачи отказ, односно да не се чека крајот на сезоната.

Тен Хаг и натаму е цел на критики после катастрофалната сезона за Јунајтед. Наместо битка за ЛШ, тимот сега се бори да излезе во Европа воопшто идната сезона.

„Долго сметам дека Тен Хаг не е вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед. Не може и не смее да го води тимот следнат сезона. Тука е финалето на ФА Купот, и неколку важни натпревари кои ќе го покажат тимот. Ако играат вака, тврдам дека до крајот на сезоната ќе немаат победа. Влогот е голем, има само уште четири натпревари. Мислам дека раководството треба да направи нешто радикално и да му врачи отказ“, изјави Мајкл Овен, поранешниот напаѓач на „Црвените ѓаволи“.

Една од најголемите легенди на тимот Пол Сколс, целосно се согласува со ова мислење на Овен.

„Има доволно знаци дека тој нема да го води тимот идната сезона. Поразот од Кристал Палас беше капка која ја прели чашата. Не може Јунајтед да губи 4-0 од Палас. Ова мислам дека е крај. Велев дека можеби ќе може да го води тимот уште една сезона, но сега не ми изгледа така“, рече Сколс.

Тие сметаат дека до крајот на сезоната треба да се воведе в.д. тренер, а потоа екипата да се обиде да го донесе Томас Тухел на кормилото.

Се вчитува...