Пристигна априлски снег во БиХ: Еве каде се побеле

Како што најавија претходно метеоролозите, снег пристигна во Босна и Херцеговина, а меѓу првите завеаа Босански Нови, Босанска Костајница и Босанска Крупа, пренесува Klix.ba.

Граѓаните известуваат дека снег почнал да паѓа и на Бихаќка.

Во текот на ноќта се очекува зголемување на интензитетот на врнежите, а во наредните денови температурите ќе се спуштат под 10 Целзиусови степени.Снег во Приједор

Веб-страницата БХ Метео објави фотографија од снегот од Босанки Нови, а наведува дека во наредните часови се очекуваат пообилни врнежи во планинските предели.

Во Босна и Херцеговина до полноќ е во сила портокалова метео тревога поради силните налети на ветер кој ќе се движи од 40 до 70 км/ч. Се наведува и дека се очекуваат пообилни врнежи од дожд и грмежи.

Во рамки на заладувањето ќе дува преоден засилен до невреме северен ветер, особено внимание се препорачува за рамничарските делови на Посавина и Шемберија, каде ударите на ветерот локално би достигнале 50-70 км/ч. Падот на температурите најпрвин беше почувствуван на северозапад, север и североисток на Босна.