(Видео) Иранска телевизија објави видео од нападот на израелско беспилотно летало: Се слушаат сирени и експлозии

by Fokus

Ирански информативен канал со седиште во Лондон објави снимка на која наводно се гледа напад на израелско беспилотно летало врз воена база во близина на Исфахан, во Иран.

На видеото објавено на X се слушаат сирени за воздушен напад и експлозии.

Светските медиуми утрово објавија дека Израел го нападнал Иран.

Иран денеска ја активираше воздушната одбрана над Исфахан, поради што во тој град се слушнаа експлозии, јави државната новинска агенција ИРНА.

Според АП, остана нејасно дали Иран е нападнат, но тензиите остануваат високи меѓу Тел Авив и Техеран по нападот на Иран врз Израел на 13 април, во кој беа вклучени повеќе од 300 беспилотни летала и проектили.

ИРНА наведува дека ПВО оперирала во неколку ирански провинции, без да прецизира зошто.

Израел најави дека ќе се одмазди за нападот на Иран, додека сојузниците на Тел Авив апелираа да не се одмаздува за да не се шири конфликтот.

Новинската агенција Тасним објави дека иранските нуклеарни постројки се безбедни и недопрени.

Претходно, неименуван американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија и дека целта не била нуклеарна.

Поврзани новости