Денеска се одржуваат седмите по ред претседателски избори во Република Северна Македонија. Право на глас на овие претседателски избори имаат 1.814.317 избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.
ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе ги набљудува претседателските избори, и ќе одржи четири прес конференции на кои ќе објавува наоди од изборниот мониторинг од изборниот процес на претседателските избори низ целата земја.
Распоредот на одржување на прес конференциите на ЦИВИЛ е следен:
- 10:30 часот – Прес конференција со препораки од организацијата
- 14:30 часот – Прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ
- 17:00 часот – Прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ до 16 часот
- 21:00 часот – Прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ до 19 часот и прелиминарна оценка на денот на гласањето.
Прес конференциите на ЦИВИЛ ќе се одржат на македонски и албански јазик.
Прес центарот на ЦИВИЛ ќе бидат отворен за медиумите во текот на целиот изборен ден, а ќе има и вонредни обраќања, доколку има итни информации од теренот.
Добредојдено е и лично присуство и виртуелно учествона претставници од медиумите. Прес конференциите ќе се пренесуваат во живо на Фејсбук страната на организацијата и на видео каналот на YouTube.
ЦИВИЛ им посакува на граѓанките и граѓаните мирни, демократски, слободни и фер избори.