Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола во свој стил: Тој ќе одмара и против Реал (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Сити дојде до рутинска победа во дуелот со Лутон (5-1), победа која се покажа како доволна актуелниот првак да се искачи на врвот во Премиер лигата по ова коло по киксовите кои ги направија Ливерпул и Арсенал.

Пеп Гвардиола настапи со комбиниран тим, одмори дел од играчите и во добра атмосфера ќе го дочека реваншот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Меѓу играчите кои одморија беше и Родри кој самиот го побара тоа, па Гвардиола на свој начин порача дека тој ќе паузира и против „кралевите“ во среда.

Родри е исцрпен: Потребен ми е одмор…

Гвардиола за ѕвездата на Сити: Ако не сака да игра, тогаш нема да игра

-Дали Родри беше среќен што малку одмори? Апсолутно. Тој ќе одмара и во среда. Дали ми веруваш? Кажи ми, -се пошегува Пеп на соочувањето со новинарите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни