Александер Чеферин: Нема да се кандидирам за претседател на УЕФА во 2027!

Првиот човек на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин изјави дека нема да се кандидира за таа функција во 2027 година.

Тоа уследи откако УЕФА гласаше за промена на правилата во Статутот, со кои му се овозможува на 56-годишниот Словенец повторно да се кандидира и потенцијално да остане на таа функција до 2031 година.

И покрај тоа што двотретинското мнозинство од 49 земји на Конгресот на УЕФА во Париз гласаа за усвојување на предлогот, Чеферин подоцна објави дека нема да се кандидира за функцијата по истекот на мандатот во 2027 година.

– Пред шест месеци одлучив дека повеќе нема да се кандидирам. Причината е што по некое време на секоја организација и треба свежа крв, но главно затоа што веќе седум години бев отсутен од семејството. Намерно не сакав да ја обелоденувам одлуката претходно, бидејќи сакав да го видам вистинското лице на некои луѓе, и го видов, изјави Чеферин на прес-конференција.

Ова неговата одлука се смета за контроверзна, откако техничкиот директор на УЕФА, Звонимир Бобан неодамна ја напушти високата функција во УЕФА во знак на протест поради наводната намера на Чеферин да остане на функцијата уште еден мандат.

Чеферин на ова одговори, велејќи дека Бобан бил свесен оти нема повторно да се кандидира и неговото однесување го нарече „патетичнно плачење“.

– Не можеше да почека бидејќи по моето обелоденување на одлуката, неговото жалење ќе немаше смисла, додаде Чеферин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО