Поврзете се со нас

НБА

Никс со 50. победа до второто место, ова се сите плејоф парови на Истокот

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAspain

Нема повеќе непознати во источната конференција во НБА лигата, поточно сите прашања беа одговорени по денешните натпревари кои беа последни во регуларниот дел.

Имаше дилема кој ќе заврши на второто место, позиција која на крајот му припадна на Њујорк Никс кој ја доби драмата со продолжение против Чикаго Булс (120-119) со што го искористи поразот на Милвоки Бакс кој на крајот заврши како трети на Истокот.

Официјално потврдени парови се  Милвоки-Индијана и Кливленд-Орландо, додека пак првопласиранот Бостон и второпласираниот Њујорк ќе мора да ја почекаат плејин фазата во која Филаделфија ќе игра со Мајами, односно Чикаго со Атланта.

Победникот од 76-ките и Хит оди на Никс, додека поразениот ќе игра со победникот од Булс-Хокс, поточно тој што ќе слави на крајот ќе биде осми и оди на мегдан со Селтикс.

Резултати: Бостон – Вашингтон 132-122, Кливленд – Шарлот 110-120, Индијана – Атланта 157-115, Мајами – Торонто 118-103, Њујорк – Чикаго 120-119, Орландо – Милвоки 113-88, Филаделфија – Бруклин 107-86.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни