Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски на 7 и 8 март 2024

Двојна изведба на безвременската, волшебна балетска бајка „Заспаната убавица“ преточена во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски на 7 и 8 март со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет.

Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина е Климент Тодороски, а соло виолончело, Кирил Јосифов.


Во главните улоги на 7 март ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска и гостинот од Бугарија, Емил Јорданов.

За првпат во главните улоги на 8 март ќе настапат: Христина Наќевска и Балаж Лочеи од Унгарија.


Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Вечната борба помеѓу доброто и злото, класичната балетска бајка „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Што не очекува оваа недела според хороскопскиот знак?!

Овен Работа: На почетокот на неделата ќе бидете доста активни, комуникативни, актуелни и на многу …