Винисиус: Отсекогаш сум сакал да играм со Мбапе

После освоениот трофеј во Интерконтиненталниот Куп, бразилскиот интернационалец Винисиус, упати пофални зборови за својот соиграч Килијан Мбапе.

Французинот беше меѓу стрелците во финалниот меч со Пачука кој „кралевите“ го добија со 3-0, а бразилското крило после мечот кажа дека отсекогаш сакал да игра заедно со Мбапе.

„Јас сум голем обожавател на Мбапе. Му пратив многу пораки, затоа што сонував да играм со него. Тој е голем играч, долго време си се восхитуваме еден на друг“, рече Винисиус, и потоа зборуваше за тимот.

„Имаме одлична екипа, каде што сите се сакаме многу. Никој нема суета. Тука сме да го однесеме Реал до врвот, каде што секогаш треба да биде“, изјави крилото на мадриѓаните.

Се вчитува...