Полицијата почна да пропушта групи граѓани кон црквата „Св. Спас“ кои сакаат да оддадат почит на гробот на Гоце Делчев по повод 151-годишнината од неговото раѓање.

Чествувањето на овој ден, окарактеризирано како настан од висок ризик, се одвива под засилено полициско обезбедување. Утринава пристап до црквата им беше дозволен само на акредитираните делегации и новинари.

Цвеќе на гробот на Делчев положија претседателот на државата Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, собраниска делегација предводена од потпретседателот Горан Мисовски, делегации од политички партии, локални самоуправи и граѓански здруженија.