29 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПролетната колекција на „H&M“ ги поддржа финансиските резултати

Пролетната колекција на „H&M“ ги поддржа финансиските резултати

Компанијата „Hennes & Mauritz“ (H&M) објавија поголема од очекуваната добивка во првиот квартал бидејќи ги намалуваат трошоците и пласираат нови пролетни понуди кои се чини дека се попривлечни за купувачите по слабата празнична сезона, пишува „Bloomberg“.

Шведскиот трговец на мало објави оперативен профит од 2,08 милијарди шведски круни (196 милиони американски долари) и дека неговата оперативна маржа се зголемила повеќе од двојно во однос на претходната година.

Финансиските вести се првите што се појавија откако новиот извршен директор Даниел Ервер ја презеде функцијата од Хелена Хелмершон, која изненадувачки си замина во јануари.

Ервер сега мора да го забрза враќањето на успехот на „H&M“ бидејќи компанијата се обидува да ги намали упорно високите залихи и да постигне двоцифрена маржа до крајот на годината.

Доаѓа во време кога компанијата е претекната од поголемиот ривал „Zara“, како и од новите играчи како што е кинескиот „Shein“.

Целосно сме фокусирани на постигнување профитабилен раст во иднина“, коментира Ервер. Тој ги припишува подобрените перформанси и профитабилноста на компанијата на „континуираната контрола на трошоците, поголемата прецизност во нашите колекции и блиската соработка со нашите добавувачи“.

Кварталните приходи достигнаа 53,67 милијарди круни, што е малку над прогнозата за консензус на аналитичарите. Ервер го припишува ова на постепеното подобрување во кварталот врз основа на успешната пролетна колекција.

Залихите паднаа за 7% во кварталот, а оперативната профитна маржа достигна 3,9% од 1,3% една година порано.

Претходниот извршен директор Хелмершон ја напушти компанијата по четири години на чело, мандат што ја виде да се бори со влијанието на пандемијата, додека исто така се соочуваше со критики за бизнис моделот на групата за брза мода и неговото влијание врз животната средина.

Некои инвеститори првично изразија скептицизам за номинацијата на Хервер. Аналитичарите се сомневаа дали 42-годишниот, кој започна во „H&M“ како летен практикант во 2005-та година, има моќ да направи промени во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП