Кошаркарите на Олимпијакос направија „брејк“ уште на почетокот од четвртфиналната серија против Барселона, откако славеа на гости со 77:75. Доколку не сакаат да се најдат во лоша позиција, Каталонците утре во 21 часот ќе мора да слават на домашен терен, а потоа да бркаат „брејк“ во Атина.

На „брејк“ се радуваше и турскиот тим Фенербахче, кој беше подобар на гости од Монако со 95:91 по продолжение.

Четвртфиналните серии се играат во три добиени.