На Гвардиола не му е интересно без дуели со Клоп, во 2025 година ќе го напушти Манчестер сити?!

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, ќе ја напушти функцијата во летото 2025 година, објави британски медиум.

Договорот на Шпанецот истекува летото 2025 година и потоа тој планира да го следи примерот на својот колега од Ливерпул, Јирген Клоп, и да направи една година пауза од кариерата. На одлуката на Гвардиола влијаеле и повеќекратните обвинувања дека Манчестер сити го крши финансискиот фер-плеј.

Гвардиола е во Манчестер сити од 2016 година. Освои пет титули во Премиер лигата, а минатата сезона ја освои и Лигата на шампионите. Гвардиола неодамна најави дека ако и оваа сезона освојат тројна круна (ЛШ, Премиер лига и ФА куп), ќе си замине уште летово бидејќи ќе нема мотивација за работа.

- Оглас -

Најнови вести