Според информациите од ДИК до 17 часот на претседателските избори гласале 452.412 гласачи. Водејќи се по ваквите информации излезноста на претседателските избори е 42,32 отсто, кое де факто значи дека обидот за бојкот НЕ УСПЕА и постигнат е цензус.

452.412 гласачи излегле да гласаат

Изборниот ден се отвива релативно мирно. Александар Дашевски на редовната прес-конференција по 17 часот информираше дека за претседател од 2040 избирачки места гласале 452.412 гласачи.

Најголема излезност во Новаци, најмала во Липково

До 17 часот најголема излезност имало во Новаци со 66,47 отсто, а најмала излезност во Липково со 6,48 отсто. Зголемувањето за излезноста во споредба со претходните избори е за 7,19 отсто.

До 19 часот може да се гласа

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Избирачките места се отворени до 19 часот.

Македонецот покажа масовност

Утрово на избирачкти места можеа да се забележат голем број луѓе, почнувајќи од тинејџерите, најмладите, па се до пензионерите. Македонскиот народ покажа масовност денеска и го оствари своето право на глас.