Skip to main content
Свет

Земјотрес го погоди Неапол среде ноќ: oштетени автомобили, повредено лице извлечено од урнатините

13/03/2025  08:15

Многу луѓе во и околу италијанскиот град Неапол ја поминаа ноќта на улиците или во своите автомобили поради земјотресот. Италијанските сеизмолози известија дека земјотресот со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала се случил во 01:25 часот по локално време на исклучително мала длабочина од три километри.

Во делови од Неапол имаше прекин на струја. Во блискиот град Поцуоли, недалеку од епицентарот на земјотресот, едно повредено лице е извлечено од делумно урната куќа. Неапол се наоѓа во Флегрските полиња, вулкански басен што ја прави областа во јужна Италија подложна на земјотреси.

Најсилниот земјотрес беше проследен со најмалку два послаби последователни потреси. Беа видени луѓе како ги напуштаат своите домови и се собираат на улиците на Неапол, стравувајќи од дополнителни земјотреси. Подоцна се појавија фотографии на кои се гледа оштетена куќа и автомобил со скршено ветробранско стакло.

Формиран е координативен центар за спасување за проценка на штетите. Неколку училишта денеска ќе останат затворени за да може да се проверат стабилноста на зградите, објави весникот „Кориере дела сера“.