УНЕСКО ја прогласи Одеса за светско културно наследство

Украинскиот град Одеса прогласен е за светско културно наследство, соопштија од УНЕСКО. За време на руската агресија овој град неколкупати беше бомбардиран.

„Прогласувањето на Одеса за светско културно наследство е важен чекор. Оваа одлука значи дека сите членки на УНЕСКО, вклучувајќи ја и Русија, ќе бидат обврзани да не му нанесуваат намерно уништување на локалитетот“, изјави генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азулеј.

Културната агенција на Обединетите нации кажа дека со оваа одлука се признава универзална вредност на местото. Жителите на Одеса минатата година сами се ангажираа да ги заштитат спомениците, прекривајќи ги со вреќи со песок.

 

 

 

Scroll to Top