Наш ИзборНаш изборОхрид

Сеноќно бдение за Крстопоклопна Недела и празникот Благовештение во Бигорски Манастир

Минувајќи ги деновите на благословениот пост, се наоѓаме веќе на неговата средина, во која е забодено чесното дрво на Крстот Христов за поклонение, за да нацрпиме сила за до крајот. Но оваа година ни се дава удвоена сила поради тоа што до Крстот Христов е и Пресветата Богородица, односно во Крстопоклона Недела се слави и Благовештението на Пресветата.
Затоа, со особена радост ве покануваме на сеноќното молитвено бдение во Манастирот на Светото Благовештение – Пречиста Кичевска, коешто ќе започне во сабота, на 6 април, во 20:30 часот. На наша голема чест и радост на бдението молитвено ќе присуствуваат Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската Патријаршија, Митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли г. Дамаскин од Црквата на Грција, како и Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Делчевско-каменички г. Марко и секако, нашиот Старец и Игумен, Епископ Антаниски г. Партениј. Бдението ќе заврши со Света Архиерејска Литургија, која што ќе започне околу 03:00 часот.
Благодатта на Пресветата Царица во нејзиниот Свештена Пречистанска Обител ги повикува сите да земат удел во радоста на манастирската слава.
Петок
– 19:00 Акатист на Пресвета Богородица
Сабота
– 16:00 Мала Вечерна
– 20:30 Сеноќно бдение
Недела
03:00 Божествена Архиерејска Литургија
Бигорски манастир