Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Одличен настап на охриѓанецот Владимир Четкар во Њујорк, следна станица е Детроит на 3. мај

Охрид, 28. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Владимир Василески- Четкар во петокот одржа незаборавен концерт во клубот Chelsea Table & Stage во Њујорк.

Следна станица за него е Детроит, каде на 3-ти мај ќе одржи концерт во џез клубот Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall.

– Со многу мерак ги најавуваме концертите оваа пролет, кога истовремено ќе се прават завршните студиски снимања и продукција во Америка за потребите на новиот албум, информираат од тимот на Владимир Четкар.

На 3. мај ќе се одржи и официјалната промоција на ремиксот на песната „All for you“ на Четкар на врвниот Dj Mannix Kling од Виена за издавачката куќа „Only Good Vibes Music“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука