Вучиќ: Бугарите замеруваат што сме попопуларни од нив во Македонија

Србија има историско најдобри односи со Македонија, вели српекиот претседател Александар Вучиќ оценувајќи ги односите со соседите кои, според него, се подобрени со освен со Хрватска.

„Бугарите ни замеруваат што ние сме многу попопуларни од нив во Македонија. Што да правам јас.

Со Хрватска ќе имаме подобри односи во иднина кога ќе сфатат дека Јасеновац е срамота а нешто што треба да се заборави.

Со Албанија имаме добри, пристојни односи со оглед на прашањето за Косово и Метохија кое тие го викаат само Косово“, рече Вучиќ во синоќешната емисија „Хит твит“.