Анчелоти: Баерн беше подобар од нас на првиот меч, тоа не смее да ни се повтори

Карло Анчелоти ги предупреди своите фудбалери дека не смеат да му остават премногу простор на противникот на вечерашниот реванш со Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

Првиот дуел во Минхен заврши без победник, 2-2, но Анчелоти јасно стави до знаење дека очекува далеку подобро издание од својот тим во однос на тој натпревар.

„Се среќаваат два европски гиганта, меѓу нас остои огромна почит и знаеме дека нема да ни биде лесно. Факт е дека Баерн беше нешто подобар на првиот меч, тоа е нешто што не смее да ни се повтори. Мораме да играме на повисоко ниво, ние да бидеме тимот што ќе го диктира темпото, но и да внимаваме на нивните контранапади бидејќи имаат одлични играчи кои лесно создаваат проблеми на противниците. Никогаш не е лесно да се подготвиш за полуфинале од Лигата на Шампионите, но желбата да се биде дел од ново финале е огромна. Мотивација дефинитивно нема да ни недостига“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...